За компанијата

МКхост е најголемиот хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија, кој стартуваше официјално со работа на 1-ви септември 2006-тата година.
Во изминативе 15 години, МКхост прерасна во вистински бренд кој помогна на многу компании, организации и индивидуи да се појават на интернет со сопствени веб сајтови, а со тоа да го прошират својот бизнис национално и регионално.
Со онлајн решенија креирани по светски стандарди, главниот фокус на МКхост се секогаш корисниците, заедно со брза професионална техничка поддршка.
МКхост постојано ги следи и воведува светските трендови во технологијата, со цел константно подобрување на услугите и автоматизација на процесите.
30%Удел на пазарот за домени во Македонија
20,255Вкупен број на регистрирани домени
5,000+Активни корисници
Сакаш да си дел од тимот на МКхост?Провери ги активните огласи во делот за Кариера и убеди нè како твојата работа ќе помогне на клиентите на МКхост!
Како е да се работи во МКхост?Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост.