ПоддршкаОбласт За КлиентИзвестувањаБаза со ИнформацииТикети за ПоддршкаФајлови за Превземање



Известувања
Моментално сте тука: Поддршка > Известувања > МКхост и Pretpriemac.com - серијал написи

17/07/2010 11:57

МКхост и Pretpriemac.com - серијал написи

Во светот е веќе незамисливо малите бизниси да немаат сопствена веб презентација и продажба преку интернет. За оваа намена Ви е потребно место каде сите тие елементи ќе бидат сместени и достапни за глобалната интернет популација. Тоа место го обезбедувате преку хостинг компанија.

Овој пазар во Република Македонија некако во последниве години бележи голем раст. Голем раст, но во исто време проследен со премногу неправилности, „измами“, и секако несоодветен квалитет во однос на она што еден мал бизнис или претприемач ќе треба да го добие.

Развојот на ова индустрија во светски рамки и секако овозможеноста преку глобалниот интернет секој поединец да купи некаков простор од странските компании и тука да го препродава овозможи една целосна збрка и нерегулиран простор во кој најмногу страдаат претприемачите. Во секојдневен контакт со претприемачите слушам различни изјави дека се чувствуват измамени.

Затоа МКХост и Претприемач започнуваат еден серијал на написи кои едноставно ќе се однесуваат на едукација на сегашните или потенцијалните претприемачи во однос на оваа подрачје.

Овие постови и информации може да ги пратите на блогот на МКХост како и на Претприемач . Секоја недела имаме минимум еден нов пост, па не заборавајте да не посетите.

<< Назад

Прегледај во РСС Формат