Најверојатно сте ги слушнале темините или сте наишле на истите сурфајќи на интернет. Оние кои веќе знаат што всушност е веб хостинг и како функционира целата работа може да го препратат постот до оние кои прашуваат за овие термини.
Веб хостинг (англиски: Web Hosting) едноставно претставува простор алоциран на сервер прикачен на брза интернет конекција. Просторот е одредуван од страна на хостинг компаниите. МКхост нуди повеќе хостинг пакети со помал и поголем простор. Веб хостингот всушност не претставува само хостинг простор, туку еден вид на сервис кој што вклучува уште неколку функции/можности како:
- сообраќај (англиски: Bandwidth), ова е месечниот трансфер на податоци (слики, текстови, најразлични фајлови прикачени на хостинг серверот ) кои се пренесуваат помеѓу посетителите, корисниците и хостинг серверот.
- е-маил адреси со помош на кои ќе испраќате и примате е-маил пораки до вашите пријатели/соработници…
- backup поддршка – има една изрека која вели: „Подобро е да го имаш а да не ти го треба, одколку да го немаш а да ти го треба“. – Ова токму се однесува на backup кој што е повеќе од потребен поради ненадејно губење на податоците, дали тоа ќе биде клиентска ненамерна грешка, дали ќе биде хакерски/кракерски напад кој што може да ја упропасти веб страната, па се до хардверски проблеми на серверот.
- контролен панел - панел кој ќе ви овозможи полесно менаџирање со хостинг услугата, така што со само неколку клика ќе може да креирате е-маил адреса, или пак да инсталирате некоја скрипта (Пр. Joomla). МКхост го користи cPanel+ Fantastico за лесно контролирање на хостингот и лесно креирање на додатни скрипти.
- домен - името кое е карактеристично за секоја веб страна. Пример mkhost.com.mk е нашето препознатливо име со кое вие не посетувате и всушност сега го читате овој пост. Сите веб страни на Интернет првично функционираат со IP адреси доделени од страна на хостинг серверите каде што се хостираат истите, меѓутоа многу е тешко да запомниме IP адреси (пр. 174.133.183.58), па затоа ги користиме домените кои лесно се памтат. Домените се уникатни и неможе да има два исти домени. Возможно е да има две исти имиња со различна наставка (Пр. mkhost.org , mkhost.com.mk и слично). Крајните наставки не се многу битни при користењето и немаат строги правила во користењето, но препорачливо е доколку вашата веб страна таргетира посетителие од Македонија, наставката да биде .mk со што би се знаело дека доменот има врска со Македонија.
Доколку Вие сакате да си регистрирате домен тоа можете да го направите преку нас, едноставно кликнете на следниот линк и изберете го името што сакате да го резервирате и искористите за креирање на вашата веб страна.
Слободно доколку имате некои прашања во врска со овие термини може да оставите коментар и да ги продискутираме подетално.

Доста корисен пост кој сигурно и мене ке ми заштеди многу време за објаснување.
Коментирај by Aleksandar — 11/02/2009 @ 20:33
[...] на сопствена wordpress платформа, најлесен начин е купување на сајт каде во контролниот панел имаат опциј… за автоматско инсталирање чија процедура не трае [...]
Pingback by Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт | МКхост Блог — 09/01/2010 @ 11:31
[...] хостинг и не сте можеле да направите разлика тогаш на овој линк може да прочитате повеќе за разлика помеѓу веб [...]
Pingback by Веб хостинг и видови на хостинг услуги | МКхост Блог — 05/07/2010 @ 08:01
[...] хостинг и не сте можеле да направите разлика тогаш на овој линк може да прочитате повеќе за разлика помеѓу веб [...]
Pingback by Веб хостинг и видови на хостинг услуги — Претприемач — 07/07/2010 @ 08:14
[...] на сопствена WordPress платформа, најлесен начин е купување на сајт каде во контролниот панел имаат опциј… за автоматско инсталирање чија процедура не трае [...]
Pingback by Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт — 21/07/2010 @ 22:14
[...] хостинг и не сте можеле да направите разлика тогаш на овој линк може да прочитате повеќе за разлика помеѓу веб [...]
Pingback by Веб хостинг и видови на хостинг услуги — 21/07/2010 @ 22:32
[...] Домен името најчесто е изговарано кај нас како domain name, домен, домејн. Името на веб страната е претставено како домен име. Секоја веб страна има свој назив/име. Нашата веб страна е препознатлива со името: mkhost.com.mk. Така да секој што сака да не најде на интернет ќе ја внесе адресата во пребарувачот и ќе се прикаже веб страната. Многумина незнаат што всушност е домен име, а што веб хостинг, па за тие кои сеуште имаат дилеми може да проверат на следниот линк: разлика помеѓу веб хостинг и домен. [...]
Pingback by Домен име за Ваш бизнис – Совети за избор — 21/07/2010 @ 22:39