05/12/2009

Новогодишен 2010 Пакет

Назначен како дел од: Новости,Хостинг — Иван Петрушевски @ 15:54
Новогодишен2010 МКхост хостинг пакет

МКхост Новогодишен2010 Хостинг Пакет со бесплатен домен

Дозволете да ве известиме дека МКхост воведе нов пакет насловен како Новогодишен2010 за само 3000 денари на годишно ниво.

Пакетот е составен од следниве карактеристики:

- Хостинг простор од 1000мб
- Месечен трансфер на податоци од 60 000мб
- Регистрација на бесплатен домен ( info/com/org/net/com.mk/mk/net.mk )
- Можност за додадете до 3 домени на истиот хостинг – главниот домен + 2 дополнителни addon домени, со ова заштедувате хостирање на дополнителни 2 веб страни. Со оваа опција хостирате 2 веб страни на ист хостинг пакет. Дополнителните домени може да ги активирате и додадете кога ќе посакате, немора веднаш по активација на главниот домен со хостингот.
- cPanel + Fantastico бесплатен контрол панел и панел за автоматски инсталации на скрипти.
- Поддршка за Joomla/WordPress/phpBB и останати скрипти
- Бесплатниот домен е бесплатен секоја година доколку се обновува хостингот.
- Цената на Новогодишен2010 пакетот е 3000 денари за една година и цената останува иста и за обнова на истиот и наредните години.
- Хостинг пакетот е на Linux платформа. Разлика помеѓу Linux и Windows платформа.
- Останатите карактеристики се исти како и на стандардните хостинг пакети и деталите може да ги разгледате на следниот линк.

- Нарачка на овој промотивен Новогодишен2010 хостинг пакет со вклучен бесплатен домен може да ја извршите на следниот линк.

22/05/2009

Нарачки со кредитни картички

Назначен како дел од: МКхост,Новости — Иван Петрушевски @ 10:29

Како што веќе може да забележите од насловната страна на МКхост, почнавме со прифаќање на уплата преку интернет со кредитни картички и тоа:

- MASTERCARD
- MAESTRO
- VISA
- VISA ELECTRON
- MK Domestic Credit Cards

Visa
Verified by VISAMK Domestic Credit Cards

Нашите клиенти се задоволни од овој начин на плаќање и веќе уплатите се вршат со кредитни картички.
Процесот на нарачка е ист како и до сега. На крајниот чекор кога ќе треба да изберете начин на плаќање, избирате Visa/Visa Electron/MK Domestic Cards  и доколку нарачката е успешна се генерира нова сметка.
Сметката се плаќа со кликање на копчето “Pay”. Се прави редирекција до страната на www.cpay.com.mk со информации пратени од наша страна со што само пополнувате информации за кредитната картичка на сајтот на cpay.com.mk .
Имајте во предвид дека информациите за картичката не се пополнуваат на сајтот на МКхост -> со што безбедноста е подигната на високо ниво.
Еве преку пример како се врши уплатата на сајтот на cpay.com.mk:

УПЛАТА БЕЗ РЕГИСТРАЦИЈА НА CPAY.COM.MK

Кликнете на PAY линкот.

Нова веб страна се отвара. Страната содржи форма за пополнување на информации. Од левата страна ги пополнувате информациите за кредитната картичка, додека од десната се информациите пратени од страната на МКхост ( МКхост не ги праќа сите ваши информации ).

Пополнете ја формата со следните валидни информации:

- Бројот на кредитната картичка:
Бројот го внесувате исто како на картичката.

- Име на картичката:
Ова е името на картичката на корисникот кој ја поседува. Името мора да го внесете исто како што е напишано на картичката.

- Тип на картичката:
Изберете го типот на картичката ( Моментално прифаќаме само VISA/VISA ELECTRON/MK Domestic credit cards ).

- Датум на истек
Датумот на истекот на кредитната картичка. Внесете го исто како што е внесен на картичката.

- CVV2 / CVC2:
Внесете ги трите цифри кои се наоѓаат на задната страна од картичката.

- Име на банка:
Внесете го името на банката која ја издава картичката. Името на банката исто се наоѓа на картичката.

- Телефонски контакт на банката:
Внесете го телефонот на банката која ја издава картичката. Истиот се наоѓа на картичката од задната страна.


Сите останати полиња се автоматски пополнети од страна на МКхост, како износ, број на сметка и слично.

По пополнување на формата кликнете на “Continue” копчето.

Нова веб страна се отвара. Истата содржи информации дали вашата картичка е валидна со информациите и има копче: “Back to Payment”.

Кликнете на копчето “Back to Payment”. Нова веб страна се отвара. Истата содржи детали од новата креирана уплата и две копчиња: “Confirm” и “Cancel”.

За да потврдите, кликате на “Continue”. Нова страна се отвара каде се потврдува дека уплатата е испратена.

Доколку се е во ред на крај од чекорите ќе бидете редиректирани на страната на МКхост каде што вашата сметка ќе биде автоматски маркирана како платена, ако трансакцијата е успешно извршена, односно уплатата успешно примена.

МКхост го автоматизираше својот систем така да веднаш сметката се маркира како платена, добивате потврда преку емаил, како и хостинг услугата се активира веднаш и информациите ги добивате преку емаил со сите информации.
Доколку имате нарачано и интернационален домен -> доменот исто така автоматски се регистрира веднаш и информациите Ви се испраќаат преку емаил.
Секако, ако имате нарачка на *.mk домен, тогаш истиот се реализира мануелно со што Ве известуваме после одредено време.


МКхост ќе продолжи кон автоматизирање на своите услуги како нашите корисници многу полесно и побрзо ќе може да доаѓаат до нашите услуги.

Имајте пријатни нарачки со новиот систем за плаќање со кредитни картички.
До наредната новост, голем поздрав од тимот на МКхост.

Ви благодариме

09/03/2009

Од сега МКхост со сервери во Македонија

Назначен како дел од: МКхост,Маркетинг,Новости,Хостинг — Иван Петрушевски @ 16:39

Зошто хостинг услугите на сервери лоцирани во локалната област на посетителите е битна за Маркетинг и Е-Комерција?

МКхост сервери во Македонија

МКхост сервери во Македонија

Многумина корисници кога бираат хостинг компанија не знаат дека тоа има големо влијание врз нивниот маркетинг. Ова може да биде од голема важност доколку корисникот има онлине продавница која е базирана на географскиот регион.
Па да започнеме со објаснувањето зошто е битно да знаете однапред која е вашата “таргет група“, односно од каде се вашите посетители.

Повеќето интернет конекции се многу брзи при избор на хостингот, но сепак е важно каде физички е присутен серверот кај што ви е хостиран сајтот. Доколку стартувам е-продавница во Македонија и се фокусирам моите корисници да бидат од регионот,  многу е битно серверот да биде физички присутен во Македонија затоа што тогаш тој многу побрзо ке ги праќа информациите до моите корисници за разлика од корисниците ширум светот.  Со хостирање на сајт близу вашите корисници значително им го скратувате времето за пристапот до серверот. Можеби ова не ви звучи како битен фактор за успех во вашиот бизнис но голем број на студии заклучиле дека брзината на пристапот до серверот има големо влијание во развитокот на истиот. Овој вид на хостинг е битен и кај гејмерските сервери поради тоа што латенцијата ке биде мала и ке можат без никакви пречки и со тотално уживање да се играат online игри.  ( МКхост планира во блиска иднина нудење на Game сервери . )

Во поглед на маркетингот, исто така битно е  како Google и другите пребарувачи ве препознаваат. Физичката локација на серверот и наставката на доменот карактеристичен за секоја држава ве става на повисок ранг кај сурферите кои пребаруваат од иста геолокација.

МКхост официјално од 09.03.2009 започнува со нудење на хостинг услугите на сервери во Македонија, како и со пуштање на серверот во комерцијална употреба. Тест фазата на првиот МКхост сервер лоциран во Скопје помина успешно и брзината е задоволителна за нашите клиенти.

Од сега при нарачка на Linux хостинг пакетите ќе имате опција за избор на локацијата на серверот каде што ќе сакате да биде хостирана вашата веб страна. Секако, серверите во Америка остануваат во употреба и корисниците ќе може да го вршат изборот според нивна желба. Доколку пазарот што го лоцираат е надвор од Македонија, тогаш може да ја изберат опцијата за активација на хостингот на сервер во Америка. Доколку посетителите на сајтот ќе бидат Македонци или посетители блиску од балканот и пошироко може да ја изберат серверската локација во Македонија, со што латенцијата спрема хостинг-от и отварањето на веб страната за овие посетители ќе биде доста брзо.

Новите сервери во Македонија ќе ја имаат истата софтверска инсталација како досега, со вклучен cPanel контрол панел+Fantastico скрипти за лесна инсталација на одредени скрипти ( форуми, CMS системи како  Joomla и слично ).

17/01/2009

Здраво

Назначен како дел од: Новости — Иван Петрушевски @ 21:48

Едно големо ЗДРАВО. МКхост го објавува својот нов блог.

Со помош на блог системот ќе овозможиме пишување на статии во врска со МКхост, во врска со нашите цели, информации, чести случки со нашите клиенти, предлози, објаснувања и запознавање поблиску со нас.

Ви благодариме.

« Понови Постови
Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes