16/07/2010

Технологија – Прифати ја, Не бегај!

Назначен како дел од: Маркетинг,Новости — Тагови: , , — Иван Петрушевски @ 11:00
Серијал на МКХост и Претприемач

Серијал на МКХост и Претприемач

Продолжуваме со серијалот на постови кои МКХост и Претприемач ги подготвуваат со цел еден претприемач да го зголеми своето знаење и да не биде затечен во користење на различна техничка терминологија за оваа намена.

Бегство до технологија! Сеуште е реалност кај нас. Дали може еден претприемач да опстојува без неа? Може, но кратко. Тоа би бил мојот одговор. Сепак технологијата е нешто што има постојано и најсилно влијание на секаков тип на бизнис. Таа е и дел од PEST и во тој пост накратко го наведов следново:

Технологијата претставува примена на знаење, методи, техники и средства со кои еден бизнис го трансформира влезот во излезот. Тука најважен фактор е иновацијата или развој на нови процеси, производи или услуги. Стапката на влијание на технологијата како екстерно опкружување врз бизнисот варира од индустрија до индустрија. На пример, влијанието на технологијата на информациската индустрија е многу поголемо во однос на влијанието на било која друга индустриска гранка.

Но, да тргнеме од почеток.

Дефинирање на технологија

Тргнувајќи од самото потекло на зборот технологија кој е составен од два грчки збора:

  • Техно (τέχνη) што значи вештина, умешност, занает… и
  • Логија (λογία) што значи учење, знаење на нешто.

Значи технологијата е резултат на примена на знаењето за одредени вештини, занаети или умешности во креирање на одреден резултат.

Во Oxford Dictionary технологијата се дефинира како:

Научно истражување и користење на применети науки (како инженерство на пример) и примена на тоа знаење преку практични задачи во индустријата.

Може да се забележи дека она што е поврзано со технологијата претставува:

  • Знаење
  • Вештина
  • Умешност
  • Учење
  • Примена

Зборот технологија не се однесува само на технологија на производството, туку и на секаква технологија која се користи во деловниот процес на бизнисот како што се компјутерите, факсовите, телефоните, e-mail, интернетот итн. како и знаењето во однос на таа технологија.

Влијание на технологијата врз бизнисот

Постојат многу анализи и истражувања во науката за тоа какво влијание има технологијата врз бизнисот или еден организациски систем. Но, една од најкомплетните анализи е анализата на Woodward од која што знаеме какво влијание има технологијата на организациската структура :

  • Колку е покомплексна технологијата – единечно и континуирано производство – поголем е бројот на менаџерите и менаџерските нивоа
    Опфатот на менаџментот на менаџерите од првиот ред се зголемува од единечно до масовно производство, а потоа се намалува од масовно до континуирано производство.
  • Колку е поголема технолошката комплексност на фирмата толку е поголем канцеларискиот и административниот персонал.

Влијанието на компјутерите врз организацијата е доста проучувано. Daniel A. Wreen и Don Voich, JR велат: “Примена на компјутерите доведува до централизација во донесување на одлуки. Оваа централизација е овозможена со поголемата достапност на информациите. Освен тоа, компјутерите постепено ги елиминираат рутинските административни работи со што се намалува бројот на вработени во ова подрачје. Меѓутоа се шират одделенијата за обработка на податоци така да крајната последица не е драматично намалување на бројот на вработените. Бројот на потребните менаџери се зголемува со тоа што се намалува административниот кадар. Одделенијата веројатно ќе се спојуваат, а опфатот на менаџментот ќе се намалува особено на пониските нивоа”.

Но, да земеме еден понаков пример наместо истражување:

Еден од Вашите конкуренти ја следи технологијата која е во тренд. Нормално изработува веб страна преку која ја зголемува интерактивноста со потенцијалните потрошувачи. Се вклучува во последниот тренд на комуникација и соработка со потенцијалните потрошувачи преку социјалните мрежи како резултат на последните технолошки трендови. Во исто време, многу потенцијални потрошувачи се присутни на тие платформи. Вие започнувате со губење на дел од Вашите купувачи затоа што тие едноставно сакаат нови комуникациски канали при задоволување на сопствените потреби.

Какви последици едно вакво влијание може да има за Вашиот бизнис? Огромни, секако!

Дали треба да имам страв од технологија?

Технологијата е секаде околу нас. Со самото будење ни ѕвони будилник или дигитален часовник или мобилен. Тоа е технологија која ја користиме. Се возиме со автомобил, автобус или велосипед до работното место. И тоа технологија за нашето превозно средство. Вклучуваме машина, компјутер, шпорет за кафе… И тоа се технологии кои ги користиме. Комуницираме и соработуваме преку е-mail, факс, Skypе, Google Wave… И тоа е технологија која ја користиме за комуникација.

Од ова ми се чини дека доколку стравуваме од технологија стравуваме од самите себеси, стравуваме од ншите пријатели, стравуваме од нашите соработници, стравуваме од нашите потенцијални купувачи…

Дали во еден бизнис се дозволени вакви стравувања? Дали треба да дозволиме да бидеме прегазени од технологијата? Дали треба да дозволиме да бидеме прегазени од конкуренцијата?

Без разлика дали ние сакаме или не, технологијата оди напред, едноставно не не прашува нас. Во секој момент на глобално ниво излегува нешто ново. Нешто што може да има влијание врз нашата работа утре. Какво ќе биде тоа влијание ќе зависи од индустријата во која се наоѓа нашиот бизниси и индустријата во која припаѓа тоа ново нешто како резултат на технологијата.

Затоа прифати ја реалноста, прифати ја технологијата и едноставно не бегај. Доколку бегаш бегаш од самиот себеси, од твоите пријатели, од твоите соработници, од твоите потенцијални купувачи… Сметаме дека тоа не е Вашата и на Вашиот бизнис цел.

06/07/2010

Победници на веб дизајн предизвикот на it.com.mk и МКхост

Назначен како дел од: МКхост,Новости — Тагови: , , , — Иван Петрушевски @ 01:50

Веб дизајн натпреварНатпреварот беше организиран од страна на МКхост и ИТ порталот:  it.com.mk . Целта беше да се понудат идеи од страна на учесниците, да се соберат што повеќе на едно место и да разменуваат свои мислења како и остварување на контакт за идни проекти и секако борба за наградите :) .

Победниците и наградите

Сепак, имаше и награди како мотивација на дизајнерите, па некој мора да ги земе. :) Tие што ќе ги добијат наградите се… (тапани)…

  • Smashing Book + 1 година 5.000 MB хостинг од Мк Хост + IT.com.mk маица оди за 0.mk заради едноставниот, функционален дизајн кој одговара со сервисот и има интеракција со друштвените мрежи.
  • IT.com.mk маица + .mk домен + 500 МБ хостинг оди за Travel2Ohrid.com.mk заради едноставноста која одговара со функционалноста. Има интеракција со друштвените мрежи.
  • IT.com.mk + Мк Хост маиците ги добива caramelo.mk кој иако се спомена готов темплејт и нема интеракција со друштвените мрежи, сепак адутот на caramelo.mk е естетиката.

Сите останати учесници можете да ги видите на форумот.

Ова беше мал организиран веб дизајн предизвик, кој е значаен за почеток на вакви натпревари во Македонија, но во иднина планираме организација на натпревар од сличен карактер со подобри награди и интересни докажувања на дизајнерите.

Повеќе може да прочитате и на it.com.mk порталот во врска со предизвикот.

Благодариме на сите што покажаа интерес и вложија трудза да учествуваат.

07/06/2010

Летна шема 2010 со МКхост 20% попуст

Назначен како дел од: Маркетинг,Новости — Иван Петрушевски @ 18:12

20% попуст на сите услуги на МКхост

Попуст од 20% на сите услуги на МКхост. Внесете го кодот за промоции: letnashema при нарачка на услугите.

Уживајте во летото 2010, гледајте фудбал, сончајте се, а кога ќе ви затреба да ги објавите вашите слики на блог, може да закупите домен со ваше име (Пример: ime.mk) заедно со хостинг простор и да ги објавите вашите доживувања на блогот ;) .

Можеби сакате да отворите ваша сопствена веб страна за објавување на вашиот омилен тим од Светското првенство во фудбал 2010?

Сепак, тука сме и работиме за вас нон стоп нудејќи попуст за нашите услуги. Не заборавајте МКхост има сервери во Македонија како и стандардните во USA.

Сакате да си го зафатите вашето име со регистрација на .mk домен? Регистрирајте .mk домен за само 799 денари за една година со попустот.

Доколку ви е потребен веб дизајн, изработка на лого, редизајн или било каква дизајн услуга, може да побарате соодветна услуга на следниот линк и да добиете одговор од нашиот дизајнерски тим кој секогаш е спремен да ги задоволи вашите дизајн потреби.

21/05/2010

Стартува веб дизајн предизвикот на IT.com.mk и МкХост

Назначен како дел од: МКхост,Новости — Иван Петрушевски @ 20:56
Стартува веб дизајн предизвикот на IT.com.mk и Мк Хост

Дали мислите дека сте добар веб дизајнер? Имате вештини? Тогаш покажете го вашето дело и дозволете другите да ве оценат! Со цел да ги промовира дизајнерите од Македонија, IT.com.mk во соработка со Mk Host стартува натпреварување за најдобар и најинтересен веб дизајн.

Победникот ќе ја добие книгата Smashing Book + 1 година 5.000 MB хостинг од Мк Хост + IT.com.mk маица.
Второто место ќе добие IT.com.mk маица + .mk домен + 500 МБ хостинг.
Третото место ќе добие IT.com.mk + Мк Хост маица.

Првата фаза од натпреварот е постирањето на вашиот веб дизајн. Moже да биде веќе постоечка веб сајт или скица на веб сајт. Скицата треба да има барем уште една две страни покрај почетната. Скицата треба да биде реална и практична, да не е сф дизајн. Добро е со скицата да има и кратко објаснување за функционалност на веб сајтот. Секој дизајнер може да прати само една дело, односно слики од делото,  по можност линк или кратко објаснување за функционалноста на скиците.

Вашите дела можете да ги постирате во следнава тема на форумот. Рокот за постирање е до 15 јуни.

Потоа од 15 до 30 јуни следи гласањето. Најдобриот веб дизајн ќе биде одберен според гласови од членовите на форумот и според жирито  (жирито е составено од администрацијата на IT.com.mk).

При оценувањето ќе се гледа оригиналноста, естетиката како и практичноста на сајтот. Сајтот мора да има интеракција со друштвените мрежи.

По гласањето ќе следи и прогласувањето на најдобриот дизајн.

31/01/2010

Зошто да го хостирате вашиот веб сајт локално?

Назначен како дел од: Новости,Хостинг — Иван Петрушевски @ 16:35

Веб хостинг на сервери лоцирани во Македонија – предности

МКхост сервери

Хостирајте на сервери во Македонија

МКхост е веб хостинг компанија со главна цел хостирање на веб страните на Македонските граѓани, организации, компании, индивидуалци, дизајнери, програмери, девелопери, студенти…

Во последниот период МКхост се трудеше за насочување и лоцирање на серверите во Македонија. Во тоа и успеавме. Веќе една година како го стартувавме првиот сервер лоциран во Македонија. Хостирање на сајтовите на нашите клиенти на Македонски сервер беше задоволство за нас поради тоа што добивме многу позитивни реакции од клиентите:
- „Отварањето на сајтот е побрзо од кога и да било до сега.“
- „Пингот до серверот е 20ms – неверојатно!“
- „Кога ги листам податоците преку FTP, исто како да ги листам на мојот сопствен компјутер – како да работам локално – без чекања.“
- „Многу сум задоволен од брзината на отварање на мојот сајт. Планирам да ги префрлам и другите сајтови на вашите локални сервери во Македонија.“
- „Работењето со е-маил пораките е побрзо. Веднаш се конектирам до серверот преку мојот емаил клиент и побрзо се превземаат пораките, како и испраќаат оние со поголеми податоци.“
- „Фајловите од серверот се превземаат со максимална интернет брзина на мојот Интернет провајдер – многу побрзо за разлика од сајтови хостирани на странски сервери“.

Предностите на хостирање на вашиот веб сајт на серверите на МКхост лоцирани во Македонија се наведени директно од нашите клиенти опишани погоре цо нивните коментари.
Дополнително тоа што може да ве интересира или можеби имате некои дилеми ќе биде опишано преку следните прашања и одговори:

П: Зошто да го хостирам веб сајтот локално, која е разликата?
О: Одговорот е едноставен. Локалниот сервер е поблиску до вас, лоциран во Македонија. Интернет провајдерите во Македонија имаат побрз пристап до серверите конектирани на Интернет во Македонија отколку оние лоцирани во странство. Доколку серверот е лоциран надвор, вашата конекција патува надвор од Македонија и е потребно повеќе време за одговор од серверот со што вашиот сајт ќе биде поспор во отварањето.

П: Моите посетители се од Македонија. Каде да го хостирам мојот веб сајт?
О: Доколку вашите посетители се од Македонија, тогаш без размислување треба вашиот сајт да го хостирате локално. Тоа е за добро на посетителите, побрз пристап и брзо отварање на содржините.

П: Дали посетителите надвор од Македонија ќе имаат исто брз пристап до мојот сајт доколку хостирам локално?
О: Одговорот на ова би бил пропорционален со прашањето: Кога би го хостирале сајтот на сервер надвор од Македонија дали Македонските посетители ќе имаат брз пристап до сајтот. Сето ова зависи од одалеченоста на вашиот посетител и начинот на кој тоје  поврзан на Интернет, до која глобална Интернет мрежа има пристап, како ќе стигне тој до вашиот сајт, низ кои провајдери и слично.

П: Како да се одлучам?
О: Одлуката е врз основа на пресметки или предвидувања. Ако вашиот сајт е планиран за Македонска публика тогаш хостирањето може да биде локално, ако се двоумите или имате посетители и  надвор од државата, тогаш може да изберете било која од опциите. Секако, ако стартувате сајт кој што ќе биде наменеет за странски пазар, странски клиенти или пак очекувате само клиенти од Америка, тогаш секако дека ќе треба да го хостирате сајтот на сервери во Америка. МКхост воведе опција, да при нарачката изберете на која серверска локација сакате да го хостирате вашиот сајт.

П: Дали користите ист софтвер на серверите во Македонија?
О: Да, софтверот кој што се користи на серверите лоцирани во Македонија е ист со оној на серверите во Америка. Оперативниот систем, cPanel контрол панелот како и други софтверски додатоци.

П: Дали серверите се ваши?
О: Да, МКхост започна во инвестирање и купување на хардверот за серверите. Се користат DELL серверски конфигурации со 1U rack единици и најнова технологија за процесорот, дисковите…

Претходната недела МКхост стартуваше нов сервер лоциран во Македонија за своите клиенти. Сите тестирања поминаа во ред и серверот е отворен за хостирање на сајтовите за нашите клиенти.

35% попуст на Linux хостинг пакетите (само за првите 50 нарачки) – на сервери во Македонија

Хостинг попуст

Хостинг попуст од 35%

По повод стартување на новиот сервер, МКхост овозможува 35%  попуст за Linux хостинг пакетите и лоцирање на сајтовите на новиот сервер. Хостинг пакетите може да ги разгледате на следниот линк: www.mkhost.com.mk/linux/ . При нарачка на хостинг пакетот во делот код за промоции ќе внесете: MAKSERVER и автоматски системот ќе ви го одреди попустот од 35%. Побрзајте попустот се однесува само за првите 50 нарачки кои ќе бидат лоцирани на новиот сервер.

Постари Постови »
Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes