31/12/2009

Среќна Нова Година и Божиќни празници

Назначен како дел од: МКхост — Иван Петрушевски @ 18:13

МКхост Лого

МКхост - Брзина, Стабилност, Сигурност

Во името на целиот тим на МКхост, дозволете да ви ги честитаме Новогодишните празници и да ви пожелиме, здравје, среќа, љубов, радост, како и голем успех во работата во Новата 2010 година.
МКхост ви пожелува и голем успех во менаџирањето на вашите веб сајтови, зголемување на бројот на посетители, поголема заинтересираност за вашиот сајт, промовирање на вашиот бизнис на Интернет, зголемување на клиентите за бизнис сајтовите, а за останатите голема посетеност и исполнување и задоволство на веб менаџерите како и веб дизајнерите без кои сајтот неможе да опстане ;) .

2009-та беше успешна година за МКхост. Ги исполнивме нашите очекувања и планови. На почетокот извршивме ребрендирање кое беше успешно прифатено од нашите сегашни како и потенцијални клиенти. Годината приврши со опслужување со над 1100 клиенти  (компании, веб дизајнери, веб менаџери, образовни институции, портали, државни институции, уметници и пејачи …).
Воведовме неколку нови услуги, го зголемивме бројот на сервери, се проширивме и со сервери лоцирани во Македонија, со што овозможивме избор на корисниците каде да го хостираат сајтот во зависност од нивната цел, како и таргет групата на нивните посетители.
Овозможивме плаќање со кредитни картички како и максимална автоматизација во процесот на нарачките овозможувајќи на клиентите да ја добијат веднаш услугата по автоматизиран пат без чекања и човечки фактор.
Го изработивме единствениот и прецизниот пребарувач на Македонските *.mk домени. Воведовме нови пакети, овозможивме повеќе хостинг простор и трансфер како и многу други дополнителни услуги за нашите клиенти.

2010-та ќе биде предизвик за нас, планираме воведување на нови услуги, проширување на пазарот и во други држави, привлекување на странски клиенти, покажување на нашата професионалност во услугите што ги нудиме, проширување и стартување на многу повеќе сервери во Македонија, вработување на веб дизајнери, програмери, администратори, техничка поддршка како и многу други активности во нашиот бизнис план…

Ви благодариме

Може да ни се придружите на социјалните мрежи Facebook како и Twitter .

http://www.mkhost.com.mk/

22/11/2009

Обука: Основи на Интернет огласување

Назначен како дел од: МКхост — Иван Петрушевски @ 13:31

Обука: Основи на Интернет огласување

Датум: петок, 11 декември 2009,
Организатор: Центар за нови медиуми
Локација: Клуб на новинари

Интернетот е место каде можете да бидете еден од многуте кои талкаат низ маглата, обидувајќи се да бидат забележани. Дали е тоа вашата цел?

Бројот на Интернет корисници во Македонија континуирано се зголемува. Само во последната година е забележан раст од 8,5% кој според сите предвидувања и понатаму ќе продолжи да се зголемува.

Дали меѓу нив е вашата целна публика? А, како да допрете до неа?

Интернет огласување!

Големи можности, а релативно мали трошоци. Се што треба да знаете e како најефективно да и пристапите на вашата целна публика и да и ја испратите соодветната порака.

Како до ефективна интернет кампања?

Дојдете на обуката за да добиете одговор на следниве прашања:

  • кои се основни карактеристики на интернет огласувањето?
  • кои се предностите и недостатоците кои ги нуди оваа форма на огласување?
  • како да ги комбинирате различните начини на таргетирање?
  • како може да ја следите ефективноста на вашата кампања?
  • какви типови на огласи постојат кој за што е најдобар?
  • што е контекстиално рекламирање и како да го употребувате?
  • на кои социјални медиуми да се рекламирате и како да го направите тоа успешно?
  • како да процените на кои веб страници е најдобро да се рекламирате?

За кого е наменета оваа обука?

  • Директори на продажба и маркетинг
  • Маркетинг и ПР агенции (медиа директори и закупувачи на медиумски простор)
  • Менаџери на мали и средни компании

Предавачи:

Дарко Булдиоски активно се занимава со онлајн медуми повеќе од 5 години. Комуниколог, блогер и активен учесник во локалната, регионална и глобалната интернет сфера. Со свои предавања активно учествувал на E-society.mk, BlogOpen, Young Media Watchdogs, Youth and New Media Participation и други настани. Oд пред две години е предавач на Њујорк Универзитетот Скопје, каде предава вовед во нови медиуми, социјални медиуми и онлајн новинарство. Зад себе, покрај личниот блог за медиуми Комуникации.нет како успешни онлајн проекти ги вбројува PMtips.net, Notformen.mk, Autovision.mk, Glocal Conference и други. Две години наназад врши обуки и консултации од повеќе различни области на Интернет маркетингот и огласувањето.

Наталија Трајчевска професионално е вклучена во полето на Интернет меркетингот повеќе од 2 години. Како специјалист за онлајн маркетинг во Seavus, секојдневно ангажирана со корпоративното огласување, главни одговорности и активности и се директен маркетинг, e-mail маркетинг, SEM, SMO и сите поврзани активности. Како дел од серијата вебинари на HubSpot, во август оваа година се стекна со титула Inbound Marketing Certified Professional. Со учеството на Webit, октомври 2009, се стекна со сертификат за професионален развој во полето на дигитални маркетинг стратегии, интернет маркетинг и најдобри е-бизнис практики од предавачите на Google, eBay, The Guardian, Coca Cola, AOL, итн. Во последните 3 месеци е коавтор на Интернет Маркетинг Блог.

Цена:

Пријавување и уплата до 01.12.2009 – 5.000 денари + ДДВ
Пријавување и уплата по 01.12.2009 – 6.000 денари + ДДВ
За секој нареден учесник од иста компанија добивате 10% попуст

Краен рок за пријавување и уплата е 08.12.2009

Бројот на учесници е ограничен на 15 заради задржување на квалитетот на содржината и можноста да се посветиме соодветно на сите учесници.

Детална агенда на обуката: Основи на Интернет огласување (pdf 120KB)

Информации и пријавување:

e-mail: darko.buldioski@newmedia.org.mk
телефон: 070 30 70 40
web: http:newmedia.org.mk/edu

27/09/2009

Како до *.mk домен?

Назначен како дел од: МКхост — Иван Петрушевски @ 16:41

Регистрација на com.mk , net.mk и mk домени

*.mk - наставката за домени во Македонија

МКхост нуди регистрација на Македонски домени и тоа со следните наставки: .com.mk .net.mk и .mk .
Секој може да изврши закуп/регистрација на македонските домен преку МКхост, без разлика дали е тоа физичко лице или регистрирана компанија/фирма/организација.

Лицето/фирмата што ќе ја изврши регистрацијата преку МКхост ја има целата сопственост врз доменот. Тоа значи: промена на ДНС сервери ( именски опслужувачи ) во секое време од страна на сопственикот, промена на доменот на име на друга фирма/компанија ( еден вид на трансфер ), прекин на доменот, додавање на пристап на сопственост на повеќе лица ( контакти ).

МКхост нуди уникатен и единствен точен пребарувач за македонските домени. Пребарувачот ви укажува на тоа дали може саканиот домен да биде регистриран или не. Доколку доменот е слободен за регистрација тогаш можете да извршите нарачка и да го регистрирате доменот преку МКхост. Ако пребарувачот за домени ви даде резултат дека доменот неможе да се регистрира, тоа значи дека саканиот домен е веќе регистриран или неможе да се изврши регистрација на доменот.

За проверка на домени, следете го следниот линк: http://www.mkhost.org/clients/domainchecker.php
За да извршите регистрација на домен, кликнете на следниот линк: http://www.mkhost.org/clients/cart.php?a=add&domain=register

-Доколку доменот биде регистиран на нашите хостинг сервери, односно доколку со доменот закупите и хостинг пакет, тогаш ние го подесуваме истиот и ги доставуваме именските опслужители .
-Доколку сакате доменот да биде регистиран и хостиран на други хостинг сервери, тогаш треба да ги исполните барањата :
Технички услови
Барателот е должен, пред поднесувањето на барањето, да обезбеди најмалку два коректно поставени именски опслужувача за предметниот домен, видливи на интернет.
Коректно поставени именски опслужувачи се оние опслужувачи кои имаат соодветна програмска поддршка за именско опслужување и притоа:
• имаат точно еден SOA запис за предметниот домен
• имаат NS запис за секој именски опслужувач кој барателот го навел во барањето за предметниот домен
• имаат А запис за секој именски опслужувач кој барателот го навел во барањето, а чиешто име се наоѓа во предметниот домен
• сите именски опслужувачи кои барателот ги навел во барањето даваат идентичен одговор на упити во поглед на претходните 3 точки.
Пример за ДНС сервери со вклучени ip адреси се:
dns1.mk-host.com – 75.125.136.194
dns2.mk-host.com – 75.125.136.195

Доколку несакате да биде хостиран доменот ( активен на некој хостинг провајдер/хостинг простор ), МКхост може да го постави истиот на свои ДНС сервери, со што тој би бил само активно регистриран. Ова е одлична опција доколку сакате доменот да го регистрирате на време, пред некој друг да Ви го закупи името, а доколку сеуште не планирате да го користите за презентација на Вашата веб страна.

Временскиот период за регистрација е независен и се движи од еден ден, до една недела ( а може и повеќе ) . Најмал ќе биде периодот на регистрацијата доколку се исполнети техничките барања. Просек за регистрација на македонски домени е 2 работни дена.

За да проверите дали доменот е добро поставен со ДНС серверите со кој сакате да биде регистриран, следете го следниот линк.

За да извршите регистрација на домен, кликнете на следниот линк: http://www.mkhost.org/clients/cart.php?a=add&domain=register

22/05/2009

Нарачки со кредитни картички

Назначен како дел од: МКхост,Новости — Иван Петрушевски @ 10:29

Како што веќе може да забележите од насловната страна на МКхост, почнавме со прифаќање на уплата преку интернет со кредитни картички и тоа:

- MASTERCARD
- MAESTRO
- VISA
- VISA ELECTRON
- MK Domestic Credit Cards

Visa
Verified by VISAMK Domestic Credit Cards

Нашите клиенти се задоволни од овој начин на плаќање и веќе уплатите се вршат со кредитни картички.
Процесот на нарачка е ист како и до сега. На крајниот чекор кога ќе треба да изберете начин на плаќање, избирате Visa/Visa Electron/MK Domestic Cards  и доколку нарачката е успешна се генерира нова сметка.
Сметката се плаќа со кликање на копчето “Pay”. Се прави редирекција до страната на www.cpay.com.mk со информации пратени од наша страна со што само пополнувате информации за кредитната картичка на сајтот на cpay.com.mk .
Имајте во предвид дека информациите за картичката не се пополнуваат на сајтот на МКхост -> со што безбедноста е подигната на високо ниво.
Еве преку пример како се врши уплатата на сајтот на cpay.com.mk:

УПЛАТА БЕЗ РЕГИСТРАЦИЈА НА CPAY.COM.MK

Кликнете на PAY линкот.

Нова веб страна се отвара. Страната содржи форма за пополнување на информации. Од левата страна ги пополнувате информациите за кредитната картичка, додека од десната се информациите пратени од страната на МКхост ( МКхост не ги праќа сите ваши информации ).

Пополнете ја формата со следните валидни информации:

- Бројот на кредитната картичка:
Бројот го внесувате исто како на картичката.

- Име на картичката:
Ова е името на картичката на корисникот кој ја поседува. Името мора да го внесете исто како што е напишано на картичката.

- Тип на картичката:
Изберете го типот на картичката ( Моментално прифаќаме само VISA/VISA ELECTRON/MK Domestic credit cards ).

- Датум на истек
Датумот на истекот на кредитната картичка. Внесете го исто како што е внесен на картичката.

- CVV2 / CVC2:
Внесете ги трите цифри кои се наоѓаат на задната страна од картичката.

- Име на банка:
Внесете го името на банката која ја издава картичката. Името на банката исто се наоѓа на картичката.

- Телефонски контакт на банката:
Внесете го телефонот на банката која ја издава картичката. Истиот се наоѓа на картичката од задната страна.


Сите останати полиња се автоматски пополнети од страна на МКхост, како износ, број на сметка и слично.

По пополнување на формата кликнете на “Continue” копчето.

Нова веб страна се отвара. Истата содржи информации дали вашата картичка е валидна со информациите и има копче: “Back to Payment”.

Кликнете на копчето “Back to Payment”. Нова веб страна се отвара. Истата содржи детали од новата креирана уплата и две копчиња: “Confirm” и “Cancel”.

За да потврдите, кликате на “Continue”. Нова страна се отвара каде се потврдува дека уплатата е испратена.

Доколку се е во ред на крај од чекорите ќе бидете редиректирани на страната на МКхост каде што вашата сметка ќе биде автоматски маркирана како платена, ако трансакцијата е успешно извршена, односно уплатата успешно примена.

МКхост го автоматизираше својот систем така да веднаш сметката се маркира како платена, добивате потврда преку емаил, како и хостинг услугата се активира веднаш и информациите ги добивате преку емаил со сите информации.
Доколку имате нарачано и интернационален домен -> доменот исто така автоматски се регистрира веднаш и информациите Ви се испраќаат преку емаил.
Секако, ако имате нарачка на *.mk домен, тогаш истиот се реализира мануелно со што Ве известуваме после одредено време.


МКхост ќе продолжи кон автоматизирање на своите услуги како нашите корисници многу полесно и побрзо ќе може да доаѓаат до нашите услуги.

Имајте пријатни нарачки со новиот систем за плаќање со кредитни картички.
До наредната новост, голем поздрав од тимот на МКхост.

Ви благодариме

12/04/2009

4 години МКхост

Назначен како дел од: МКхост — Иван Петрушевски @ 20:48

4 Години МКхост

Идејата за основање на МКхост дојде пред точно 4 години. Информатичкото знаење кај македонскиот народ во тоа време беше присутно на многу пониско ниво… Нашата првична цел беше да го поттикнеме развојот на онлајн светот во Македонија преку нудење на услуги кои овозможуваат презентација преку интернет и кои овозможуваат комуникација со виртуелниот свет.

Започнавме само со еден сервер и создадовме одлични хостинг пакети прифатливи за овој пазар. Со ваков пристап на крај успеавме да создадеме услуги кои ќе ги задоволат потребите на нашите клиенти. Покрај пристапните понуди, јасно ни беше дека во овој бизнис корисничката поддршка е доста важна, па така сите наши сили ги насочивме кон овозможување на што подобра поддршка за клиентите, со што пронајдовме разни начини на кои ја олеснивме комуникацијата а со тоа го зголемивме и задоволство кај клиентите. Со секој задоволен клиент, добиваме доза на радост и ние. :-)

Кога почнавме услугите ни беа ограничени само на нудење на хостинг пакети и регистрација на домени. Со тек на време, како се зголемуваа нашите ресурси и искуство, создадовме подобри хостинг пакети со повеќе простор и месечен сообраќај за пониски цени, успеавме во неколку наврати да понудиме и промотивни пакети со бесплатни домени. Ваков вид на промотивна понуда имаме и за нашиот четврти роденден, за повеќе детали тука (внесете го кодот 4godini при порачка).

Во првите неколку години се проширивме и кон IRC услугите за кратко време. Пазарот го бараше тоа и МКхост скоро 2 години нудеше IRC услуги. Имавме канал за поддршка и на IRC серверите на Undernet, додека клиенти имавме од секаде. Закупивме дури 4 сервери само за тој вид на услуги и имавме голем број на клиенти.

Среќен роденден МКхост

Но на крај се одлучивме да се сконцентрираме само на хостинг пакетите и подобрување на услугите поврзани со нив, како интернет аудио стриминг, веб дизајн, реселер пакети за препродавачи, Виртуелни Приватни Сервери (ВПС), ИТ консалтинг и сл.

Во текот на овие 4 години, МКхост изврши неколку клучни промени вкулувајќи подобрувања на начинот на кој рабоите, овозможување подобра корисничка поддршка, усовршување на изгледот на сајтот и маркетинг кампањите и друго…

МКхост на македонскиот пазар моментално е пласирана како компанија која ги нуди најповолните веб хостинг услуги, надминувајќи ги понудите на конкуренцијата на пазарот… За крај, може само да ветиме дека во иднина ќе продолжиме со развивање на компанијата и услугите како и подобрување на искуствата на нашите клиенти. Дека сме сериозни во ова ветување докажавме пред неполн месец кога овозможивме хостирање на сајтовите и на македонски сервери, а во блиска иднина исто така планираме уште неколку изненадувања.

« Понови ПостовиПостари Постови »
Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes