16/07/2010

Технологија – Прифати ја, Не бегај!

Назначен како дел од: Маркетинг,Новости — Тагови: , , — Иван Петрушевски @ 11:00
Серијал на МКХост и Претприемач

Серијал на МКХост и Претприемач

Продолжуваме со серијалот на постови кои МКХост и Претприемач ги подготвуваат со цел еден претприемач да го зголеми своето знаење и да не биде затечен во користење на различна техничка терминологија за оваа намена.

Бегство до технологија! Сеуште е реалност кај нас. Дали може еден претприемач да опстојува без неа? Може, но кратко. Тоа би бил мојот одговор. Сепак технологијата е нешто што има постојано и најсилно влијание на секаков тип на бизнис. Таа е и дел од PEST и во тој пост накратко го наведов следново:

Технологијата претставува примена на знаење, методи, техники и средства со кои еден бизнис го трансформира влезот во излезот. Тука најважен фактор е иновацијата или развој на нови процеси, производи или услуги. Стапката на влијание на технологијата како екстерно опкружување врз бизнисот варира од индустрија до индустрија. На пример, влијанието на технологијата на информациската индустрија е многу поголемо во однос на влијанието на било која друга индустриска гранка.

Но, да тргнеме од почеток.

Дефинирање на технологија

Тргнувајќи од самото потекло на зборот технологија кој е составен од два грчки збора:

  • Техно (τέχνη) што значи вештина, умешност, занает… и
  • Логија (λογία) што значи учење, знаење на нешто.

Значи технологијата е резултат на примена на знаењето за одредени вештини, занаети или умешности во креирање на одреден резултат.

Во Oxford Dictionary технологијата се дефинира како:

Научно истражување и користење на применети науки (како инженерство на пример) и примена на тоа знаење преку практични задачи во индустријата.

Може да се забележи дека она што е поврзано со технологијата претставува:

  • Знаење
  • Вештина
  • Умешност
  • Учење
  • Примена

Зборот технологија не се однесува само на технологија на производството, туку и на секаква технологија која се користи во деловниот процес на бизнисот како што се компјутерите, факсовите, телефоните, e-mail, интернетот итн. како и знаењето во однос на таа технологија.

Влијание на технологијата врз бизнисот

Постојат многу анализи и истражувања во науката за тоа какво влијание има технологијата врз бизнисот или еден организациски систем. Но, една од најкомплетните анализи е анализата на Woodward од која што знаеме какво влијание има технологијата на организациската структура :

  • Колку е покомплексна технологијата – единечно и континуирано производство – поголем е бројот на менаџерите и менаџерските нивоа
    Опфатот на менаџментот на менаџерите од првиот ред се зголемува од единечно до масовно производство, а потоа се намалува од масовно до континуирано производство.
  • Колку е поголема технолошката комплексност на фирмата толку е поголем канцеларискиот и административниот персонал.

Влијанието на компјутерите врз организацијата е доста проучувано. Daniel A. Wreen и Don Voich, JR велат: “Примена на компјутерите доведува до централизација во донесување на одлуки. Оваа централизација е овозможена со поголемата достапност на информациите. Освен тоа, компјутерите постепено ги елиминираат рутинските административни работи со што се намалува бројот на вработени во ова подрачје. Меѓутоа се шират одделенијата за обработка на податоци така да крајната последица не е драматично намалување на бројот на вработените. Бројот на потребните менаџери се зголемува со тоа што се намалува административниот кадар. Одделенијата веројатно ќе се спојуваат, а опфатот на менаџментот ќе се намалува особено на пониските нивоа”.

Но, да земеме еден понаков пример наместо истражување:

Еден од Вашите конкуренти ја следи технологијата која е во тренд. Нормално изработува веб страна преку која ја зголемува интерактивноста со потенцијалните потрошувачи. Се вклучува во последниот тренд на комуникација и соработка со потенцијалните потрошувачи преку социјалните мрежи како резултат на последните технолошки трендови. Во исто време, многу потенцијални потрошувачи се присутни на тие платформи. Вие започнувате со губење на дел од Вашите купувачи затоа што тие едноставно сакаат нови комуникациски канали при задоволување на сопствените потреби.

Какви последици едно вакво влијание може да има за Вашиот бизнис? Огромни, секако!

Дали треба да имам страв од технологија?

Технологијата е секаде околу нас. Со самото будење ни ѕвони будилник или дигитален часовник или мобилен. Тоа е технологија која ја користиме. Се возиме со автомобил, автобус или велосипед до работното место. И тоа технологија за нашето превозно средство. Вклучуваме машина, компјутер, шпорет за кафе… И тоа се технологии кои ги користиме. Комуницираме и соработуваме преку е-mail, факс, Skypе, Google Wave… И тоа е технологија која ја користиме за комуникација.

Од ова ми се чини дека доколку стравуваме од технологија стравуваме од самите себеси, стравуваме од ншите пријатели, стравуваме од нашите соработници, стравуваме од нашите потенцијални купувачи…

Дали во еден бизнис се дозволени вакви стравувања? Дали треба да дозволиме да бидеме прегазени од технологијата? Дали треба да дозволиме да бидеме прегазени од конкуренцијата?

Без разлика дали ние сакаме или не, технологијата оди напред, едноставно не не прашува нас. Во секој момент на глобално ниво излегува нешто ново. Нешто што може да има влијание врз нашата работа утре. Какво ќе биде тоа влијание ќе зависи од индустријата во која се наоѓа нашиот бизниси и индустријата во која припаѓа тоа ново нешто како резултат на технологијата.

Затоа прифати ја реалноста, прифати ја технологијата и едноставно не бегај. Доколку бегаш бегаш од самиот себеси, од твоите пријатели, од твоите соработници, од твоите потенцијални купувачи… Сметаме дека тоа не е Вашата и на Вашиот бизнис цел.

28/06/2010

SEO – Оптимизација за пребарувачи

Назначен како дел од: МКхост,Маркетинг — Иван Петрушевски @ 07:36

Кога станува збор за веб презентација на еден бизнис или веб страна за било каква намена не може а да не се размислува за оптимизација за пребарувачи (SEO – Search Engine Optimization).

Што претставува SEO?

SEO не значи измама за да пребарувачот смета дека токму твојата веб страна треба да се појави меѓу првите кога некој пребарува за нешто на интернет. SEO едноставно значи да се прилагоди веб страната за да се обезбеди полесна достапност од страна на пребарувачите кои врз база на нивниот алгоритам ќе одлучат на кое место да ја покажат вашата веб страна (на пример, 1-во или 50-то место).

Накратко кога ќе се запрашаме што е SEO би можеле да го кажеме следново:

  • SEO претставува процес на подобрување. Значи наместо користење на процес на измама користиме процес на подобрување на веб страната како полесно би била пронајдена од страна на пребарувачите.
  • Освен со број на посети SEO се занимава и со квалитетот на тие посетители. Ова е многу значаен елемент особено за еден претприемач и неговиот бизнис. Може да имаш огромен број на посети, но едноставно тие доаѓаат и си одат. Нема конверзија, нема враќање, процесот завршува тука.
  • SEO се однесува на органскиот сообраќај од пребарувачите. Тоа значи на оној дел за кој не се плаќа. Кога станува збор за Google постојат две подрачја од екранот со резултати кои се неоргански (платени реклами) додека останатиот најголем дел се однесува на оние бесплатни резултати кои се добиваат со помош на SEO. Како што е прикажано на сликата десниот дел (до 8 места има дозволен простор) се однесува на приказ на резултати на оние кои му плаќаат на Google (Google Adwords) за да се појават тука. Постои уште едно подрачје кое се наоѓа веднаш над органскиот дел каде исто така се прикажуваат резултати од платен маркетинг, а не SEO.
    Пребарување на Google

Три основни столбови на SEO процес

Секој SEO процес се базира на три основни столбови:

1. Анализа на клучни зборови.

Овој столб има за цел да ги дефинирате клучните зборови за кои сакате Вашата веб страна да биде високо рангирана. Затоа спроведувате анализа преку која ќе дознаете што е тоа што се бара од страна на луѓето кога пребаруваат на интернетот (кој збор го впишуваат во полето за пребарување).

Во овој столб на еден SEO процес ќе треба:

  • Да ги определите 5-6 збора поврзани со твојата веб страна или бизнис!
  • Да ги пронајдете најдобро рангираните веб страни за тие зборови.
  • Со помош на алатки како Google Keyword Suggestion Tool да пронајдете дополнителни зборови кои може да имаат влијание.
  • Да погледнете во аналитиката на Вашата веб страна за да видите кои се фрази го носат сообраќај.
  • Да ги класифицирате, селектирате и планирате користењето на тие зборови во натамошниот SEO процес.

2. Фактори за оптимизација на самата веб страна

Овие фактори  се сите фактори и елементи на кои што вие имате директно влијание и се наоѓаат на Вашата веб страна. Нив слободно можете да ги менувате, едитирате или организирате, а во исто време имаат влијание на појава на вашата веб страна на резултатите на пребарувачите.

Главните фактори што спаѓаат во оваа столб на еден процес на SEO се следниве:

  • Насловна страна (Title Tag) – она што се појавува на врвот на интернет пребарувачот кога посетуваме една веб страна.

Наслов на една страна

  • Клучни зборови и опис се елементите кои Вие ги наведувате на секоја веб страна, а кои за разлика од насловот не се директно видливи за посетителот на веб страната, но се користат од страна на пребарувачите за да ја најдат и да препознаат за што се однесува Вашата веб страна.

Насловни тагови

  • Поднаслови (h1, h2, h3 … Tags). Важноста во определување на релевантноста на Вашата веб страна во однос на некој збор кој се пребарува за да се појави на резултатите на пребарувачот се движи од 1 нагоре. Ова значи дека поднасловот означен како h1 е поважен од поднасловот означен како h2 и h2 e поважен од h3 итн.

Користење на тагови

  • Густина на клучните зборови кои се користат во содржината. Густина на зборови претставува зачестеност на појава на еден збор во содржината на веб страната. На пример ако имаме текст кој содржи 100 збора и нашиот клучен збор се повторува 2 пати тоа значи дека густината ќе биде 2% (2/100). Не значи дека ако ја зголемите густината дека ќе имате подобро рангирање.
  • Слики. Пребарувачот гледа дека има некоја слика но, не знае што е на таа слика. Но има начин на кој што пребарувачот ќе може да знае и да ја прочита текстуалната замена на сликата. Тоа се т.н. alt tags. Така да доколку во кодот за сликата имате alt tags Вашата слика ќе има и текстуално значење во очите на пребарувачите.

Ова се основните, но не и единствените фактори кои спаѓаат во овој столб на еден SEO процес.

3.  Off Page SEO фактори

Основата на овој столб е да имате повеќе влезни линкови со подобар квалитет за да имате подобро рангирање на страната со резултати на пребарувачите.

Ова значи додека првиот столб се концентрираше на релевантноста на Вашата содржина во однос на клучните зборови од првиот столб, третиот столб се концентрира на репутацијата на Вашат веб страна во однос на тие клучни зборови. На релевантноста имате директно влијание, но на репутацијата имате многу помало влијание лично вие.

Следниве фактори влијаат на овој процес:

  • Линкови од страни со висок авторитет. Ова се линкови од веб страни со висок авторитет во очите на пребарувачите. Ова се веб страни кои имаат висок Page Rank. Линкови кои доаѓат од веб страни со поголем PR кој се движи од 0 до 10 ќе биде повреден за рангирањето на Вашата веб страна.
  • Anchor Text. Anchor Text претставува текст на кој е поставен хиперлинк. На пример, страна А поставува линк до Вашата страна а текстот е Кликни тука или Име на ваш бизнис или пак Ваш клучен збор. Овој текст треба да биде прилагоден согласно Вашиот клучен збор.
  • Линкови кон специфична веб страна. Вие не можете за 100 зборови една веб страна да ја оптимизирате за пребарувачите. Затоа, и се очекува да имате повеќе веб страни оптимизирани за различни зборови.

Гостински пост на М-р. Драган Шутевски – http://www.pretpriemac.com/

07/06/2010

Летна шема 2010 со МКхост 20% попуст

Назначен како дел од: Маркетинг,Новости — Иван Петрушевски @ 18:12

20% попуст на сите услуги на МКхост

Попуст од 20% на сите услуги на МКхост. Внесете го кодот за промоции: letnashema при нарачка на услугите.

Уживајте во летото 2010, гледајте фудбал, сончајте се, а кога ќе ви затреба да ги објавите вашите слики на блог, може да закупите домен со ваше име (Пример: ime.mk) заедно со хостинг простор и да ги објавите вашите доживувања на блогот ;) .

Можеби сакате да отворите ваша сопствена веб страна за објавување на вашиот омилен тим од Светското првенство во фудбал 2010?

Сепак, тука сме и работиме за вас нон стоп нудејќи попуст за нашите услуги. Не заборавајте МКхост има сервери во Македонија како и стандардните во USA.

Сакате да си го зафатите вашето име со регистрација на .mk домен? Регистрирајте .mk домен за само 799 денари за една година со попустот.

Доколку ви е потребен веб дизајн, изработка на лого, редизајн или било каква дизајн услуга, може да побарате соодветна услуга на следниот линк и да добиете одговор од нашиот дизајнерски тим кој секогаш е спремен да ги задоволи вашите дизајн потреби.

09/03/2009

Од сега МКхост со сервери во Македонија

Назначен како дел од: МКхост,Маркетинг,Новости,Хостинг — Иван Петрушевски @ 16:39

Зошто хостинг услугите на сервери лоцирани во локалната област на посетителите е битна за Маркетинг и Е-Комерција?

МКхост сервери во Македонија

МКхост сервери во Македонија

Многумина корисници кога бираат хостинг компанија не знаат дека тоа има големо влијание врз нивниот маркетинг. Ова може да биде од голема важност доколку корисникот има онлине продавница која е базирана на географскиот регион.
Па да започнеме со објаснувањето зошто е битно да знаете однапред која е вашата “таргет група“, односно од каде се вашите посетители.

Повеќето интернет конекции се многу брзи при избор на хостингот, но сепак е важно каде физички е присутен серверот кај што ви е хостиран сајтот. Доколку стартувам е-продавница во Македонија и се фокусирам моите корисници да бидат од регионот,  многу е битно серверот да биде физички присутен во Македонија затоа што тогаш тој многу побрзо ке ги праќа информациите до моите корисници за разлика од корисниците ширум светот.  Со хостирање на сајт близу вашите корисници значително им го скратувате времето за пристапот до серверот. Можеби ова не ви звучи како битен фактор за успех во вашиот бизнис но голем број на студии заклучиле дека брзината на пристапот до серверот има големо влијание во развитокот на истиот. Овој вид на хостинг е битен и кај гејмерските сервери поради тоа што латенцијата ке биде мала и ке можат без никакви пречки и со тотално уживање да се играат online игри.  ( МКхост планира во блиска иднина нудење на Game сервери . )

Во поглед на маркетингот, исто така битно е  како Google и другите пребарувачи ве препознаваат. Физичката локација на серверот и наставката на доменот карактеристичен за секоја држава ве става на повисок ранг кај сурферите кои пребаруваат од иста геолокација.

МКхост официјално од 09.03.2009 започнува со нудење на хостинг услугите на сервери во Македонија, како и со пуштање на серверот во комерцијална употреба. Тест фазата на првиот МКхост сервер лоциран во Скопје помина успешно и брзината е задоволителна за нашите клиенти.

Од сега при нарачка на Linux хостинг пакетите ќе имате опција за избор на локацијата на серверот каде што ќе сакате да биде хостирана вашата веб страна. Секако, серверите во Америка остануваат во употреба и корисниците ќе може да го вршат изборот според нивна желба. Доколку пазарот што го лоцираат е надвор од Македонија, тогаш може да ја изберат опцијата за активација на хостингот на сервер во Америка. Доколку посетителите на сајтот ќе бидат Македонци или посетители блиску од балканот и пошироко може да ја изберат серверската локација во Македонија, со што латенцијата спрема хостинг-от и отварањето на веб страната за овие посетители ќе биде доста брзо.

Новите сервери во Македонија ќе ја имаат истата софтверска инсталација како досега, со вклучен cPanel контрол панел+Fantastico скрипти за лесна инсталација на одредени скрипти ( форуми, CMS системи како  Joomla и слично ).

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes