Со било какво користење на услугите овозможени од страна на МКХост, Вие без никакви ограничувања се согласувате со сите услови и правила истакнати подолу. Ве молиме внимателно прочитајте ги сите делови од овие услови за користење бидејќи истите ги истакнуваат Вашите права, легални обврски и ограничувања.
Краток опис на условите
1. Забранет е било каков начин на СПАМ-ирање.
2. Услугите на МКХост не смеат да се искористуваат за нелегална трговија – продавање, купување или понудување и изнудување на било какви илегални работи, вклучувајќи пиратерија, илегални субстанци, оружје и др.
3. Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони.
4. Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација на било каков начин не е дозволен.
5. Било каква дистрибуција на материјал кој прекршува авторски права или права на регистрирани знаци е забранет и корисникот ќе биде одстранет веднаш штом биде забележан од администраторите на МКХост.
6. Сите корисници доколку се смета дека ги злоупотребуваат услугите на МКХост, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на надгледување и контролирање од страна на овластени лица – администратори на МКХост или пак надлежни лица од Владини институции.
7. МКХост го задржува правото, но не е задолжен, да ги проверува и регулира содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, да ги отстрани корисничките сметки или пак да одбие доставување на услуги.
8. Клиентите на МКХост се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема МКхост.
Детален опис на условите
1. МКХост го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на МКХост се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.
2. МКХост има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или исклучи/стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на МКХост или пак постоечките закони. МКХост исто така го задржува правото на барање од надлежни Владини служби да ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате МКХост за одговорен.
3. Вие се согласувате да во процесот при првична и сите останати дополнителни регистрации за користење на услугите на МКХост доставувате валидни и точни Ваши информации. Вие исто така се согласувате дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го известите МКХост.
4. По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на Вашиот статус како клиент на МКХост по основа на претходен договор, ќе Ви бидат доставени инструкции за користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат Вашата лозинка и корисничко име. Ваша одговорност е доставените информации да ги чувате како доверливи и да не ги споделувате со никого. Вие исто така сте одговорни за сите активности произлезени од тоа корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Вие исто така се согласувате да ги известите администраторите на МКХост support@mkhost.org доколку забележите било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат Вашето корисничко име и лозинка.
5. Зависно од доставените или договорените услуги кои Ви се овозможени за користење, Вие се согласувате дека ќе ги почитувате поставените правила и нема да ги надминувате и преоптеретувате договорените спецификации, вклучувајќи количество на пренесени информации преку комуникациски канали (bandwidth), бројот на e-маил кориснички имиња, веб и е-маил простор достапен за користење и други. Доколку постои дополнителен договор со МКХост за можни надминувања, Вие се согласувате истиот да го почитувате и да ги подмирите Вашите обврски како што е барано во договорот.
6. МКХост се согласува да прифати порнографски содржини доколку истите ги задоволуваат законските норми како на пример: наменета публика за порнографските содржини да е на возраст од или над осумнаесет (18) години, содржините да не вклучуваат материјали од лица помали од осумнаесет (18) години и друго. Клиентите се задолжуваат пред објавување на порнографски материјали дополнително да го проверат изворот како и податоците за истите. МКХост не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најбрз можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без претходно известување.
7. Вие како клиент на МКХост услугите исто така се согласувате дека нема да доставувате или работите со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршувачки фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални средства. Вие исто така се обврзувате дека преку услугите на МКХост нема да вршите никаков вид на илегална трговија на било какви легални или илегални средства.
8. Вие сте обврзани при поставување на било каква дата преку услугите на МКХост, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате.
9. МКХост исто така го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема корисниците кои ќе ги искористат услугите на МКХост за да дозволат пристап до нелегални содржини.
10. Вие исто така се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации на други корисници, МКХост или друго лице или организација. Корисниците исто така се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на МКХост, останатите клиенти на МКХост и сите инволвирани страни.
11. Доколку услугите на МКХост се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.
12. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на МКХост, клиентите или пак останати лица и организации.
13. Се согласувате дека нема во никој случај да се обидете недозволено да пристапите до овластени и доверливи делови на останати корисници на МКХост или на МКХост.
14. Вие, со користење на услугите на МКХост, се согласувате да објавувате содржини кои нема да дискриминираат на било каков начин и нема да бидат навредливи.
15. Вие се согласувате дека услугите овозможени од МКХост нема да ги искористите за дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал. Вие исто така се обврзувате да IRC услугите ги користите според правилата дадени при првичната регистрација за користење.
16. МКХост го задржува правото да блокира, без претходно известување, внатрешен и надворешен пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за користење.
17. Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите услугите на МКХост за лажни и измамнички активности.
18. МКХост со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти доставува корисничка и техничка поддршка 24 часа во неделата. Доставувањето на оваа поддршка е самоиницијативно од страна на МКХост и МКХост не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.
19. Користењето на хостинг услугите на МКХост за IRC (Internet Relay Chat) е забрането и користење на услуги кои инволвираат IRC е дозволено само на посебните МКХост сервери и услуги кои го наведуваат и го дозволуваат тоа.
20. Со користење на услугите на МКХост, Вие се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, МКХост не е одговорен во никој случај.
21. По истекот на временскиот период за Ваше користење на услугите на МКХост, доколку сакате да го продолжите тој период, плаќањето се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, МКХост без никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци и фајлови, логови, е-маилови, веб страни и др.
За било какви прашања и информации во врска со условите за користење или услугите на МКХост, контактирајте не.